ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милошоски: Владата е единствениот орган што може да ја одбие или прифати преговарачката рамка

За преговарачката рамка, според Уставот, надлежен орган којшто ја прифаќа или одбива е Владата, но Владата е уплашена од револтот на граѓаните и се обидува преку Собранието да амортизира и пратениците на владејачката коалиција да ги користи како алиби, како бројка за наводно прифаќање на францускиот предлог за којшто Парламентот нема надлежност, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Advertisements

Според него, сега расправата е сведена на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, а информација, според Деловникот, е најнискиот ранг на расправа во Собранието.

– Тоа што Бујар Османи и Ковачевски немаат храброст да го објават македонско-бугарскиот протокол и да има сериозна реална дискусија во јавноста ќе биде сведено на театрална козметика во македонското Собрание, што потоа тие ќе ја искористат за она што веќе го одлучиле да кажат „да“ на овој предлог, којшто сметаме дека е штетен и ќе донесе само ретроградни политички процеси и тензии за некаква историска ревизија во следните 10-15 години. Во секој случај, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ аргументирано ќе го разобличат овој предлог и неговата штетност и ќе биде против овој театрален обид Собранието да биде искористено  како алиби за она што во понеделник или вторник Владата, Ковачевски и Османи ќе кажат „да“ за овој предлог, потенцира Милошоски.

Прашан какви заклучоци би прифатиле за тие да бидат едногласно усвоени во Собранието, Милошоски рече дека заклучоци по однос на оваа информација би имале смисла само доколку нив ги прифати Владата.

– Заклучоци по однос на оваа бенигна информација би имале смисла само доколку истите ги прифати Владата, а имаат за цел да се направи корекција, а не прифаќање на францускиот предлог. Корекција со која што од францускиот предлог ќе се исфрлат билатералниот протокол и сите други уцени, вклучувајќи ја измената на Уставот. Во таков случај би имало смисла да се градат заклучоци, а Владата да го направи обидот до Брисел и до Париз да ги искаже своите сериозни забелешки, да го одбие овој предлог и дипломатијата да се вклучи поактивно, не во барање на предлог којшто нуди можност за фотографирање во Брисел и политички кризи дома, туку предлог којшто нуди предвидливост на процесот за европеизирање на државата, рече Милошоски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button