ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе од 1000 уметници од 25 земји учествуваат на Охридско лето

Пораки за заштита на македонскиот идентитет и јазик, како и за мир во светот, беа испратени синоќа од Античкиот театар во Охрид, каде беше отворено 62- то по ред Охридско лето. Министерката за култура, рече дека нема педа од македонската земја, на која нема запис од цивилизациите и од нашето минато, историскиот и културен идентитет. Охридско лето вели е потврда за нашиот идентитет.

Advertisements

„Другото е лага. Нашиот поглед кон минатото не е да и свртиме грб на иднината. Во нашето минато нема ништо од што би се срамеле, за да мора да го вртиме погледот од него. Од нашиот јазик, од нашите книги, од нашата музика и нашите слики, нашите ора, нашите куќи и нашата кујна, се е идентитет. И тоа што сме Македонци е идентитет. Идентитет што го наследуваме, а од нас зависи, дали ќе го надоградиме, ќе го носиме во срцето или само ќе го вртиме во употреба низ уста. Да убедувам некого дека говорам на македонски јазик и дека сум Македонка е исто како да ве убедувам дека вечерва сте тука на отварањето на уште едно Охридско лето“, рече Бисера Костадиновска Стојчевска-министерка за култура.

„Живеењето на многу места во светот се претвора во борба за власт, доминација над другите и опседаност со матерјалното.Сведоци сме на воени конфликти, глобални здравствени закани и непочитување на човековите права и слободи“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Поради воениот конфликт во Украина, во Охрид годинава не се присутни уметниците од Русија, кои низ годиниве беа меѓунајбројните.

„Точно е дека руските уметници фалат, но сигурно е дека ќе бидат повторно назад во програмата во подобри времиња.Програмата се конципира точно една година унапред.Да точно е имаше руски уметници во програмата,но поради целата ситуација, требаше да се направи баланс,да се изостават, што не значи дека ќе бидат следна година во програма“, рече Наташа Поповиќ-директорка на Охридско лето.

На Антички театар имаше спектакуларно отварање со дво часовен концерт на четворица млади тенори од Италија во придружба на Националната опера и балет. Тие изведоа дела од класичната музика но и популарни мелодии.На фестивалот до 20-ти август, ќе настапат 1000 уметници од 25 земји.Ќе има 36 концерти и 9 театарски претстави. Од албанските уметници на 17 јули во Света Софија ќе настапат Ермир Абеши на виолина и Мерита Реџа Тершана на пијано. На 10 август, театарската претстава “Balkan Bordello”, трансатлантски проект помеѓу САД, Косово и Србија, во соработка со Центар Мултимедија – Приштина.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button