Железниците мета на кражби, украдени пруги и сигнализација, милионски суми штета

Железниците станаа мета на кражби. Крадците дури успеале да украдат и дел од железничките пруги на главната станица во земјата. Според извештаите, лица без маски, но со опрема за сечење железо, крадат од железничка сигнализација до електрични кабли. Од секторот за безбедност во железничкиот сообраќај велат дека штетите од кражбите достигнале 3 милиони евра. سباق الخيل مباشر
Машиновозачот Вениловски вели дека кражбата на сигнализацијата, а уште полошо на шините може да предизвика несреќи. موقع مراهنات المباريات Симо Вениловски, за сите овие години возење на локомотивите, рече дека доколку се украдат знаците за сигнализација, загрозени се возилата и пешаците кои ја минуваат пругата, додека ако се украдат шините, загрозени се екипажот, патниците и стоката во возот. Апелира на внимателност .
На многу раскрсници на пруги и патишта за возила, недостигот на сигнализација го поврзуваат со кражби кои се вршат со цел да се продаваат за отпад.
Кражбите кои предизвикуваат штета од милиони евра во железничкиот транспорт се прават за да се добијат неколку илјади денари, отпад кој нелегално завршува во приватните продажни места. Ова претставува кривично дело за тешка кражба за кое покрај парична казна се казнува и со затвор. العب وربح
Аднан Ќаили