Ковачевски: Нашата национална ДНК, македонскиот јазик, ќе биде службен јазик во ЕУ
Ковачевски: Нашата национална ДНК, македонскиот јазик, ќе биде службен јазик во ЕУ

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имаше свое обраќање на пленарната седница на Собранието на Република Северна Македонија на која на дневен ред беше информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.
Во обраќањето, премиерот Ковачевски упати благодарност за присуството, поддршката и признавањето на важноста на процесот, од страна на претседателката на Европската Комисија, г-ѓата Фон дер Лејен и за нејзината лична и институционална вклученост и посветеност на европската интеграција на Северна Македонија. Премиерот Ковачевски посочи дека ова е историска седница затоа што денес и во следните денови, се одлучува за подобра иднина и за стабилна сегашност, но и за заштита и почитување на минатото.