МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Мерко го кочи отворањето на парарелки по албански јазик

Алијанса на Албанците ја обвинија локалната власт во Струга, на чело со градоначалникот Мерко, дека го кочат отварањето на паралелки на албански наставен јазик во основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Подгорци. Тие велат дека статутот на училиште сé уште не е изменет, за да се овозможи отворање на вакви паралелки.

Advertisements

„Побараа од министерот за образование и наука ди ги преземе сите чекори за финализација на оваа иницијатива. Министерот за образование и наука, не дава решение со сите задолженија за воспитно образовниот процес, туку дава позитивно мислење, што значи дека сите задолженија ги презема општината. Го потенцираме и фактот дека В.Д. директорката на училиштето во Подгорци, избрана над шест пати во спротивност со Законот за основно образование, никогаш на дела позитивно мислење и никогаш не ја поддржала оваа иницијатива, а од друга страна, градоначалникот Мерко продолжува да ја држи на таа позиција во целосна спротивност со законските норми“, вели Љуљзим Насуфи, претседател на Алијанса на Албанците.

Од девет основни училишта од Алијанса велат дека дури со шест раководеле в.д директори, кои биле избрани по партиска припадност.

„Вршителот на должност го нема потребното работно искуство во образование од 5 години. Вршителот на должност не е вработен во училиштето каде ја презема должноста. Вршителот на должност нема решение за засновање на работен однос на неопределено време во училиштето каде работи. Именување повеќе од еднаш или два пати на истото лице, што е во спротивност со Законот за основно образование. Вработување и ангажирање на наставен кадар по политички клуч и, често, некомпетентен кадар за предметот кој го реализира“, додава Насуфи.

Од општина Струга не одговорија на обвинувањата од опозицијата. Побаравме став од општина Струга за овие обвинувања, но одговор, како и за се друго не добивме.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button