Конфликт помеѓу СВР Тетово и Општината

СВР Тетово го тужи секторот во рамките на Општина Тетово, за неозначување на белите и страничните линии на градските улици кoи биле избришани. Од полицијата велат дека и покрај неколкуте пријави, Општината нема преземено никакви мерки.
„По трите пријави кои биле испратени во Општина Тетово за необележување на хоризонтални знаци, до Основниот суд Тетово е испратена соодветна преставка за прекршок поради необележување на белите линии, полните линии и испрекинатите линии низ улиците на градот“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Од општина Тетово ги отфрлаат обвинувањата и демантираат дека не презеле мерки по барање на полицијата.
„Гледам дека овде има недостиг на координација и договор, бидејќи однапред добивме два записници од МВР и на записниците сме одговориле и писмено и со документи за знаците што ги побарале. За последниот записник за кој не тужат, испаѓа дека тој записник не постои во нашата општина и според него не сме ни почнале со линии и сигнализација. Ние во координација со финансии и МВР навреме објавивме дека има тендерска постапка и дека денеска, односно на 14-ти, завршуваат постапките и мора да бидат потпишани од општината, по што работите ќе продолжат“, вели Мемет Јонузи, Сектор за јавни дејности.
Изминативе денови, хоризонталната сигнализација е оштетена и на улиците во градот, како булеварите Илирија и Илинден, додека споредните улици во градот никогаш немале ниту бели линии ниту странични линии.
Башким Сулејмани