ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денешниот протест пред собранието помина со најмалку поддржувачи досега

Денешниот протест пред собранието помина со најмалку поддржувачи досега

Денешниот протест пред собранието помина со најмалку поддржувачи досега. Почетокот беше закажан во 11 часот, но само неколку стотина граѓани денеска се собраа пред законодавниот дом.

Advertisements

Оние незадоволни граѓани од таканаречениот француски предлог ги повторија познатите ставови на демонстрантите, предлогот е штетен по македонскиот јазик и идентитет, и не треба да се прифати бидејќи е со ултиматум.

„Ова не е добро што се прави, а за ова ваму, само не “,рече една жена.

„Не може да ми биде некој тутор, да ми наметнува друг јазик, друга историја, тоа е целосно неправилно. Директно сум дојден од Австралија, намерно за сето ова, за оваа неправда да се спротиставиме“, рече еден маж.

Екипата на Алсат направи обиколка околу централното градско подрачје, ги прашавме граѓаните што мислат тие за францускиот предлог и дали даваат поддшка на демонстрантите

„Јас сум за Македонија”, изјави една жена.

Треба ли да се прифати францускиот предлог?

“Не“, рече една жена.

„Се ова треба да се поништи, францускиот предлог е невалиден”, изјави еден граѓанин.

Вие зошто не сте на протести?

Еве сега одам. Сега најдов време и одам“, рече еден маж.

„Протести да, но прво треба да се знае какви ќе бидат протестите. Ако сте 100 луѓе или 50 не може цел град да го затворат. Нека протестираат, нека одат по улици, но не може пет дена да биде затворен центарот на градот“, изјави еден маж.

„Мислам дека најдобро се што треба за европска перспектива за овој народ да се направи.
Што е тоа, да се прифати предлогот, да нема протести или ?
Има политичари за кои сме гласале, и треба да го дадат своето мислење. “, изјави една жена.

Денеска беше 12 ден како се оддржуваат протести по повод францускиот предлог за одблокирање на евроинтеграциите на Македонија./Alsat.mk

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button