ВЕСТИ

Ден „во чевлите“ на припадниците на полицијата

Ден „во чевлите“ на припадниците на полицијата

Еден ден „во чевлите“ на припадниците на полицијата. Роберт Таневски е сообраќаен полицаец. Тој е дел од сините униформи веќе 6 години. Агрон Адеми е раководител на сектор во сообраќајната полиција. Тој веќе 27 години ја носи својата полициска униформа секој ден од 6 часот наутро.

Advertisements

Денеска ќе патуваме на задните седишта од нивниот автомобил, за среќа не како приведени до станица.

„Проверките обично се прават на црните точки. Онаму каде што се случуваат повеќето сообраќајки, вршиме засилени контроли“, рече  Агрон Адеми- раководител на сектор, сообраќајна полиција.

Припадниците на полицијата ни кажаа дека повеќе прекршувања на сообраќајните правила има во утринските и попладневните часови. Додека во текот на летото со доаѓањето на печалбарите значително се зголемува протокот на возила.

Дотичниот граѓанин изгледа направил пропуст за кој помина со предупредување.

Денес некои други избраа да не носат појаси, да не отстапуваат место за пешаци или да возат автомобили со затемнети стакла.

Градовите се менуваат, но нивната професија и одговорност остануваат исти. Но, колку полицајците се почитувани од страна на граѓаните?

„Претежно, се почитувани. Униформите се почитуваат, полицијата се почитува, сообраќајните правила исто така се почитуваат. Граѓаните се свесни дека почитувањето на сообраќајните правила е за нивно добро“, изјави Агрон Адеми- раководител на сектор, сообраќајна полиција.

Полицијата е на терен и кога гори сонцето, но и кога температурите се под нулата./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button