ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утре Меѓувладина конференција во Брисел

Утре во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција со Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Османи и Теодора Генчовска вчера во Софија го потпишаа билатералниот протокол. На тоа претходеше состанок на меѓувладината комисија.