ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дневниот билет почна да се продава во возилата на ЈСП, еве колку чини

Ве информираме дека дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП Скопје. Тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот.

Advertisements

Досега, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка „Скопска“, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација „Скопска“, која од неодамна е целосно функционална.

Апликацијата претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта.

Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button