ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Борел: Отворањето на преговорите со Скопје и Тирана – историски момент

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е долгоочекуван историски момент.

Advertisements

„Го деблокиравме почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова е историски момент, по толку години чекање со кандидатски статус и ништо не се случи, конечното гласање во Собранието на Северна Македонија ја отвори вратата“, рече Борел пред министерскиот состанок за надворешни работи во Брисел, објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Тој потсети дека на меѓувладината конференција што ќе се одржи утре во Брисел и формално ќе започне долгоочекуваниот процес на преговори со тие две земји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button