МАКЕДОНИЈА

ЈСП Скопје апелира да се носи маска при користење јавен превоз

ЈСП Скопје апелира сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19 при користење на превозот, односно да носат заштитна маска во автобус.

Advertisements

Посочуваат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат.

– Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, информираат од ЈСП Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button