Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ во Брисел

Денеска во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски, како што е најавено, на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.
Чешкиот премиер, чија земја од почетокот на овој месец претседава со ЕУ, Петр Фиала, синоќа ја објави одлуката на Европскиот совет за одобрување на преговарачките рамки на ЕУ со Македонија и Албанија. „Советот на ЕУ вечерва ги одобри преговарачките рамки, со што е отворен патот за почеток на пристапните чекори за Албанија и Северна Македонија. преку објава на неговиот профил на „Твитер“ ја соопшти одобрувачката одлука од Европскиот совет. Чешкиот премиер воедно испрати благодарност и до францускиот претседател Емануел Макрон, за кого вели дека одиграл клучна улога во постигнатиот успех.