ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: сончево и топло

Во текот на ноќта преовладуваше ведро време. Утрово во поголем дел од земјава е сончево, а во југоисточниот дел има мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 32 степена.