ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

ОЈО: Собираме докази за клиниката „Жан Митрев“

Обвинителството прибира материјални докази за докажување на сомнежите од истражувачките новинари на ИРЛ за скандалот на Клиниката „Жан Митрев“. Од таму не откриваат многу детали.

Advertisements

Покрај Обвинителството, „Нечистата крв“ на Клиниката „Жан Митрев“ е ставена и под лупа на Државниот санитарен здравствен инспекторат и претставници на Агенцијата за лекови МАЛМЕД. Двете институции денеска се воздржаа од коментар, велејќи дека сите извештаи ги доставуваат до Министерството за здравство.

„Случајот е во фаза на предистражна постапка. Според Законот за кривична постапка, постапките на јавниот обвинител во рамките на прелиминарните истраги се тајни и од тие причини во оваа фаза од постапката не може да се споделат со јавноста повеќе детали за да не се оштети истрагата“, наведоа од Обвинителството.

Инспекторатот кој во две години од пандемијата не вршеше никаков надзор на клиниката Жан Митрев, имаше задача сега да изврши увид врз нив. Од Министерството за здравство наведуваат дека се подготвени да соработуваат со сите надлежни органи за да се открие вистината. Министерот Беким Сали рече дека ги добиле и наодите од Агенцијата за лекови МАЛМЕД, дека клиниката Жан Митрев извршила нелегален експеримент на лекување на пациенти со филтрација на крв по цена од 3-5 илјади евра, терапија која не е препорачана од СЗО за третман на пациенти со корона вирус.

Целиот овој скандал произлезе од документарецот на Лабораторијата за истражувачко новинарство на ИРЛ, за кој 24 семејства сведочат дека биле принудени да платат огромни суми од 12-25 илјади евра за лекување на нивни блиски заразени со корона вирусот, а потоа починале од инфекции -интерклинички бактериски инфекции, за кои постои сомневање дека се предизвикани од методот на филтрација на крвта, што беше експериментална студија без знаење на семејствата.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button