ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за коментарот на Вархеј: Македонија даде многу за европските вредности

Го почитувам ставот на Вархеји, но се надевам дека и тој го почитува мојот став, бидејќи Македонија и македонскиот народ дадоа многу на европските вредности. Ова е изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашната порака од еврокомесарот за проширување, кој кажа дека опозицијата која секогаш тврди дека е за членство во ЕУ, треба тоа и да го докаже.

Advertisements

Комесарот за проширување Оливер Вархеји, ја повика опозицијата во Скопје да не дејствува со емоции. Тој нагласи и дека дебатата во Собранието за расправата за заклучоците ја надминала пристојноста и европските вредности.

„Се надевам дека отсега сите политички партии во земјата, вклучително и опозицијата, ќе работат за европската иднина и нема да почнат да работат на контроверзни работи и емоции, емоции, што нема да ја придвижи државата напред, емоции кои нема да резултираат со ништо важно за државата“, рече Вархеји.

Мицкоски повторно кажа дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволи измена на Уставот. Што се однесува до референдумот, тој нагласи дека неговиот фокус ќе биде на делови од преговарачката рамка, за протоколот и билатералниот договор, а граѓните би се изјаснувал дали ги прифаќаат или не. За референдумот ќе се разговара на партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ, во четврток и петок.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button