ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До крајот на следната година во земјава ќе се спроведува скрининг процесот

Скрининг процесот во Северна Македонија ќе се спроведува во следните 16 месеци или приближно до крајот на 2023 година. Отворањето на поглавјата ќе зависи од скрининг извештаите Северна Македонија е определен и календарот на ажурирани датуми и билатерални средби. Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, водач на овој процес, очекува новата методологија да даде конкретен резултат, забрзување на пристапните преговори.

Advertisements

Маричиќ е оптимист дека отворањето ќе биде побрзо од предвидената динамика. Земјата има усогласено најмалку 45 отсто од локалното законодавство со она на ЕУ.

Скрининг извештајот предвидува четири клучни прашања.

Извештај за скрининг:

-Објаснување и запознавање со правото на ЕУ во поглавја;
-Резултати од скрининг, информации за земјата кандидат и евалуација на Комисијата (оценка);
-Заклучоци и препораки на Комисијата;
-Комисијата му предлага на Советот дали да се отворат преговори за поглавја, ако не – кои прашања треба да се решаваат како определби;

По завршувањето на скринингот, преку меѓувладината конференција и со предлог на Европската комисија, се утврдува кои поглавја прво треба да се отворат и за кои поглавја ќе има нови определби.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button