Владата забрани извоз на огревно дрво, пелети, брашно

Се забранува извоз на огревно дрво, пелети, пченица и брашно, а укината е и царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината. Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсук профил, објави дека на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед. Овие мерки следуваат по инфромациите дека драстично е зголемена цената на пелетеите и дека вештачки се предизвикува криза. Мерки за забрана на извоз на пченица и брашно имаше и на почетокот на годинава, но беа со ограничено времетраење и трае до средината на април. Забраната за увоз донесена денеска е со важност до крајот на годинава. Исто така Владата донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.