Заврши состанокот на Регулаторна, ова се одлуките за цените на горивата

Заврши денешниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика. Како што информираат од таму, на состанокот се донесени следниве одлуки:
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е
V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво,
како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените
деривати и горива за транспорт од 20.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 98,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/лит,
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 100,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра
лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,50 ден/лит.