Скрининг извештајот за Македонија ќе биде објавен на пролет

Првиот скрининг извештај за Македонија ќе биде објавен во март 2023 година. سباق خيل Тогаш ќе се знае колку земјата напредувала во делот на скринингот и усогласувањето со Акито или со правото на ЕУ и нејзините политики. العاب سلوتس Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека скринингот ќе покаже до каде сме во однос на ЕУ и што треба да се преземе.
Првата област ќе зависи од три важни документи, за кои земјава чека препораки од Европската комисија како да се подготви. موقع 888
Временската рамка на скрининг прегледот и билатералниот скрининг за 33 поглавја предвидува шест области кои мора да се спроведат во следните 16 месеци.
Временска рамка за скрининг:
Област 1: Основни вредности
Област 2: Внатрешен пазар
Област 3: Конкуренција и инклузивност
Област 4: Зелена агенда и одржлив развој
Област 5: Ресурси, земјоделство и кохезија
Област 6: Надворешни односи
Владата се уште не одлучила кој ќе биде технички и политички преговарач за водење на процесот. Бидејќи методологијата за преговори и членство е променета од 2018 година, кога беше поставена преговарачката структура со ЕУ, Владата до крајот на месецот ќе треба да одлучи за новата структура, во која, според Маричиќ, треба да бидат вклучени и надлежните институции како: Министерство за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација, Државниот завод за статистика и Собрание.
Адријан Керими