ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум

Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа ја прифати иницијативата за референдум во однос на спорот со Бугарија, која изминатите денови во јавноста ја најави партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Advertisements

Меѓутоа, како ќе гласи референдумското прашање од партијата сè уште не одлучиле и најавуваат дека во наредниот период ќе прават консултации со експертската јавноста.

„ИК едногласно и во целост ја прифати иницијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација на Македонија. Воедно, во периодот што следи партијата започнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел е народно спротивставување на процесот на асимилација и идентитетско обезличување“, изјави генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button