ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Битката со пожарите започна, годинава ќе се гасат и со авиони

Битката со пожарите започна, годинава ќе се гасат и со авиони

Битката со пожарите е веќе започната. Институциите оценуваат дека годинава се подобро подготвени од минатите години.

Advertisements

Сепак, од три авиони, земјата има само еден на располагање. Според последните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, може да се каже дека „авионот“ кој веќе е во функција ќе биде единствениот кој ќе се соочи со пламените јазици ова лето бидејќи другите два авиони се уште не се вратени во земјава.

Вториот авион кој беше во Шпанија на поправка е готов, но не може да биде испорачан поради смртт на пилотот, кој починал кога авионот со кој гаснел пожари во Португалија се урнал. Третиот авион е демонтиран.

„Не се во можност да го испорачаат. Значи, освен тоа, секојдневно сме во координација затоа што нивна обврска според договорот е да ни го достават авионот што поскоро. Значи, сите процедури во врска со вториот авион се завршени, царинските процедури се завршени, со се, чекаме да ни кажат кој пилот може да го управува”, велат од Дирекција за заштита и спасување.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути апелираше до граѓаните да бидат внимателни со пожарите.

„Сакам да апелирам до граѓаните дека најголем дел од пожарите од минатата, но и оваа година се пожари предизвикани од невнимание. Нема пожари што сами се палат. Да пријават ако видат нешто сомнително. Доброволно да учествуваат во гаснење пожари“, апелираше Беким Максути- Дирекција за заштита и спасување.

Буџетот со кој располага Дирекцијата за заштита и спасување е 4,5 милиони евра, а како што претходно изјавија од оваа институција, оваа сума треба да биде повеќекратно поголема за да може навреме да се изврши сервисирањето на авионите и нивното одржување./Alsat.mk

Еви Шкопи

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button