ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемен број на интервенции поради високите температури

Зголемен број на интервенции поради високите температури

Високите и неподносливите температури предизвикаа несвестица кај голем број граѓани по скопските улици. Од брзата помош за Алсат велат дека во текот на 24 часа биле извршени 100 интервенции, а лекарски совети биле дадени на околу 500 граѓани кои телефонски побарале помош. Многу од случаите се однесуваат на хронично болни лица кои изгубиле свест по долг престој на сонце.

Advertisements

Од Брзата помош ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат здравствените препораки и да не се изложуваат директно на сонце од 11 до 17 часот. Во овој период се препорачува и прекин на градежните работи.

Горештини со температури од околу 40 степени ќе продолжат и следната недела, најавуваатод УХМР. . На предлог на Министерството за здравство, Владата одлучи до 27 јули да се продолжат препораките за заштита од високите температури и ранливите групи граѓани и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button