
Денеска и утре во Тирана ќе се одржи состанок на работни групи во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во која учествуваат Северна Македонија, Албанија и Србија.
Според најавата од Владата, работните групи ќе имаат детална координација за заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото.
Исто така, на дневен ред ќе биде и укинувањето на работните дозволи.
„На средбата на работните групи ќе се дефинира и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, како и отстранување на работните дозволи“, велат од Владата.