МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски замина кај Груевски по нови инструкции за референдум

Откако денеска ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека партискиот лидер Христијан Мицкоски отпатувал за Будимпешта, од СДСМ тврдат дека целта на посетата веројатно е да се добијат нови инструкции од Груевски за референдум.

Advertisements

„Денеска видовме дека Мицкоски повторно е во Будимпешта, веројатно да земе памет или инструкции од неговиот политички ментор Груевски, а со единствена цел како да се однесува во овој момент поврзано со барањето за референдум. Мицкоски и Апасиев не успеаја во нивните намери, нивните лаги и црни сценарија пропаднаа. Сега се изолирани во обидите да се создадат нови пречки на европскиот пат на државата. Причините за тоа треба да си ги бараат кај себе“, кажа на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button