Сообраќајниот хаос го блокира Тетово

Сообраќајниот метеж деновиве стана секојдневна појава во Тетово. Потребно е најмалку еден час за да влезете во градот и да излезете од другата страна. Членовите на нашите семејства, иселениците, кои доаѓаат да се одморат овде, велат дека најмногу се под стрес кога излегуваат во град.
Граѓаните бараат решение, со цел хаосот да не се повторува овој период, секоја година.
„Воопшто не можеме да се одмориме, само се оптоваруваме, ова не е одмор, ова е стрес. Проблемот со сообраќајот мора итно да се реши. Ветија сѐ, но никој не го исполни ветувањето“…
„Воопшто не не прашувајте за овие работи, ништо не е во ред, не знам што да кажам, немам коментар, погледнете сами како изгледа“…
„Ова е катастрофа, никаде нема ред во населбата, катастрофа, катастрофа на паркинг. Доаѓаме во татковината да се одмориме, ова не е живот, ова е катастрофа“, реагираат граѓаните.
Иако од полицијата велат дека постојано се на терен, но денеска напладне немаше ниту еден полицаец.
На прашањето зошто нема патроли на улицата Илинден, која преку ден е повеќе блокирана отколку слободна, од тетовското СВР не дадоа конкретен одговор, но го повторија апелот за почитување на правилата.
„Одделението за сообраќај е целосно подготвено да го покрие целиот простор со присуство на полиција за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот. Ја користиме можноста да апелираме до возачите да ги почитуваат правилата и да се паркираат на одредените паркинг места, за да овозможат слободен сообраќај“, велат од СВР Тетово.
Побаравме став и од општина Тетово од каде ветија решавање на проблемот.
Башким Сулејмани