Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари

Во земјава активни се два пожара, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење. 888 sport
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот во Струмичко е на непристапен терен, карпесто-ритчест, а гори нискостеблеста мешана шума и висока трева. لعبة قمار اون لاين
-Пожарот е од вчера во доцните попладневни часови, а активно е гаснет од ТППЕ Струмица и Шумско стопанство „Беласица“ во текот на вчерашниот ден и до доцна во ноќта. Утрово во 5 часот екипите повторно се на терен, дејствуваат и се очекува во текот на денот да се изгасне пожарот, информираат од ЦУК за МИА.
Во текот на вчерашниот ден локализирани се осум пожари. Тоа се во општина Неготино, полигон Криволак, општина Чашка, селата Лисиче и Голозинци, општина Илинден, село Миладиновци, општина Делчево, село Стар Иственик, општина Богданци, месност викана Погана, општина Охрид, село Лескоец, општина Велес, меѓу селата Бузалково и Сливник и градската депонија во општина Штип.
-Прекинато е надворешното горење и можноста за проширување, но сепак постои внатрешно тлеење на согорливиот материјал од пожарот. 888 casino Се дежура заради можноста од проширување на пожарот, соопшти ЦУК.