ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кравињо не очекува нови билатерални блокади од Бугарија

Португалскиот министер за надворешни работи Гомес Кравињо не очекува дека во процесот на преговори меѓу Македонија и ЕУ повторно ќе има билатерална блокада со Бугарија. Шефот на португалската дипломатија по средбата со неговиот колега Бујар Османи, изјави дека верува оти земјите од ЕУ ќе си го одржат зборот.

Advertisements

„Во меѓународните и политичките односи, верувам дека е од суштинско значење да се верува на дадениот збор, на дадениот потпис, на преземената обврска. Билатералното прашање за кое интензивно разговараа Северна Македонија и Бугарија, верувам дека е заокружено, има заклучок. Не очекувам повторно да го отворите овој случај, не гледам причина зошто истиот случај повторно да се отвори“, вели Кравињо.

Во однос на македонскиот јазик, министерот за надворешни работи Бујар Османи зборуваше и за едностраната изјава што земјата ја достави до ЕУ на првата меѓувладина конференција, за која рече дека е дел од францускиот предлог. Тој рече дека бугарската страна својата изјава за македонскиот јазик го испратила во ОН пред пет години, по потпишувањето на Договорот од Преспа.

Во однос на уставните измени, за внесување на Бугарите во Преамбулата, Османи рече дека Владата ќе поднесе иницијатива до Собранието кога ќе направи проценка..

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button