Блокада на регионалниот пат Тетово – Гостивар поради недостиг на вода

Жителите на село Палчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Гостивар и на тој начин го изразија своето незадоволство од недостигот на вода. Главната вина е во општина Боговина. Жителите велат дека постојано има ветувања, но две децении во Палчиште нема ни најмала инвестиција. Протестот ќе продолжи се додека не се најде решение.
„Дваесет години не се инвестираше во нашето село, седиме овде и не го кренавме гласот. Од денеска протестите ќе продолжат да бидат пред општината. Во Палчиште, локалната власт да дојде со народот да ја види нашата мака што немаме вода, дваесет години не мамат. Едниот оди, другиот доаѓа, и тој ни ветува, не можеме веќе вака“.
„Во 2022 година излеговме да бараме вода, ова е срамота што не се покрива. 30 години транзиција, селото е запуштено и нема вода за пиење. Срамота, не знам што друго да кажам“.
„На крајот на краиштата, ќе се организираме да ја донесеме водата, општината нека остане на ветувањата“, реагираат демонстрантите.
По протестот се огласија од општина Боговиње. Од таму повторно ветуваат дека за неколку денови ќе почнат работите за водоснабдување на ова село.
„Проектот е веќе поминат а тендерот го доби фирма од село Калник, но го чекаме рокот за приговори. Министерството за транспорт најдобро знае кога ќе почнат работите, бидејќи тие го отворија повикот“, рече Бесник Емшиу- градоначалник на општина Боговиње.
Недостатокот на вода во Палчиште не е единствениот проблем. Има многу недостатоци и во инфраструктурата. Канал за наводнување на нивите, но и поврзување со автопатот се ветуваат со години, но реализацијата никако да се случи.
Башким Сулејмани