МАКЕДОНИЈА
На собраниска комисија поминаа ратификациите на Протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО

Комисијата за надворешна политика во Собранието даде зелено светло за првата фаза од ратификацијата на протоколите за Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО. За време на дискусијата, пратениците ја поздравија одлуката за проширување на Северноатлантската алијанса, додавајќи дека нивната приврзаност кон воено-политичката организација значително ќе ја подобри безбедносната архитектура во Европа. Одобрувањето на двата протоколи е на дневен ред на утрешната собраниска седница.