Договор за намалување на употребата на гасот

Министрите на ЕУ за Енергија се согласија да се намали употребата на гас, во случај Русија да престане да испорачува гас. Земјите-членки на ЕУ се согласија дека државите мора доброволно да ја намалат употребата на гас за 15 отсто од август до март.
Од ЕУ изјавија дека некои земји, кои не се поврзани со гасоводи на други земји, може да претставуваат исклучок од договорот, бидејќи немаат алтернативни снабдувања. Украина ја обвини Москва за „војна со гас“ против Европа.
„Гасната уцена во Европа, која секој месец станува сè полоша, е неопходна за терористичката држава за да го отежне животот на секој Европеец“, рече Володомир Зеленски, претседател на Украина.
Пред неколку месеци, Газпром ја прекина испораката на гас за Бугарија, Данска, Финска, Холандија и Полска, откако одбија да ја почитуваат наредбата на Кремљ да ги плаќаат сметките во рубљи, наместо во долари или евра. На почетокот на овој месец, гасоводот 10 дена беше затворен, што предизвика загриженост дека можеби повторно нема да се пушти гас.
Шкелзен Аќифи