Агелер: Доколку бидам потврдена за нова американска амбасадорка во С Македонија, ќе помогнам во борбата против корумпираните актери

Анџела Прајс Агелер, која беше номинирана од страна на претседателот Џо Бајден за амбасадорка на САД во Северна Македонија, за време на сослушувањето во Сенатската комисија за надворешни работи, истакна дека ќе работи на национална стратегија преку која ќе се бара одговорност од корумпираните актери во земјата доколку таа и биде избрана за оваа функцина, пренесува Гласот на Америка на македонски.
„САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери“, изјави Агелер.