ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русија го прифати американското барање, Лавров ќе разговара со Блинкен

Русија го прифати американското барање за телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Тој рече дека Вашингтон се уште очекува разговорите да се одржат во наредните денови.

Блинкен додаде дека ќе го искористи планираниот повик за да го притисне Лавров да одговори на „значајната понуда“ од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден до Москва за да обезбеди ослободување на американските државјани – кошаркарката Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан – кои се затворени во Русија.

Како што јави Си-Ен-Ен, по неколкумесечна внатрешна дебата, администрацијата на Бајден понудила размена на рускиот дилер со оружје Виктор Бут, кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД, за Гринер и Вилан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button