ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
РКЕ кажа колку ќе поскапе парното греење

Цената на топлинската енергија за потрошувачите приклучени на најголемата топлинска мрежа во Скопје се зголемува за 14,18 проценти, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Како што додаде тој, цената за корисниците на железарското греење се зголемува за 15,58%, а за оние приклучени на мрежата на Скопје Север, за 16,31%.
„Единствена причина за зголемувањето на цената на топлинската енергија е драстичното зголемување на цената на природниот гас, којашто е за 10 пати повисока во однос на цената на природниод гас којашто ја имавме во минатиот период“, рече Бисломовски.
Новите цени стапуваат во сила од 1 август годинава.