ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ревизија: Во МТВ не се знае кој јаде, кој плаќа

Државниот завод за ревизија констатира серија неправилности и незаконитости во работењето на МТВ – кои се повторуваат во секој извештај на ревизорот, но тие досега не беа доволна причина за каква било акција од страна на надлежните институции. Ревизорот констатира дека мтв работи без стратегија и програма за работа, а платите се делат по волја на директорот. Ревизорите за одредени вработени не ги нашле ниту потребните документи со кои би се докажало дека имаат одредени квалификации за тоа работно место.

Advertisements

„Во Колективниот договор и Правилникот за исплата на плати и надоместоци на плати во ЈРП МРТ, на вработените кои што се на исто ниво, утврдени се различни коефициенти, поради што им се исплатува различна плата иако согласно Законот за јавните претпријатија, Законот за административни службеници и Законот за работни односи, платата на вработени на исто ниво, треба да биде еднаква“.

Ревизорот утврдил и дека раководството на МТВ иако со огромни долгови си изгласало измена на Колективниот договор со кој вредноста на коефициентот да се зголеми за 40 проценсти, при секое зеголемување на минималната плата. Во однос на финансискиот дел – ревизорот „се сомнева во вистинитоста на финансиските извештаи на јавното радиодифузно претпријатие“. За да биде целата ситуација уште понелогична е и фактот дека раководтсвото во телевизијата е со исчечен мандат од 2019 година и ДЗР предлага Собранието да изврши именување на членовите на програмскиот совет.

„Раководните лица се именувани, согласно менаџерските договори од февруари 2018 година и во текот на 2021 година нивниот мандат е истечен. До денот вршење на ревизијата не е објавен конкурс за избор на директор и заменик на директорот на ЈРП МРТ, бидејќи Програмскиот совет кој треба да го распише конкурсот е со истечен мандат, што влијае вршењето на надлежностите од областа на дејноста кои се уредени со член 132 од ЗААМУ да е без доделено законско овластување“, наведуваат од ДЗР.

По овој извештај со реакција се јави Управата за финансиска полиција дека против директорот на МРТВ Марјан Цветковски тие поднеле кривична пријава уште во 2019г, за кредит од 2,5 милиони евра, со каата од 19%, а за кој под хипотека беше ставен цел имот на телевизијата. Директорот ова го сторил без согласност од Собранието.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција експресно ја отфрлило кривичната пријава за овој случај велат во реакцијата од финансовата полиција.

Ревизорот констатира дека телевизјата нема уредна документација ниту за долгот што таа го има, но и за оние кои и должат. Недостасуваат податоци за преземените мерки за наплата на побарувања кои се постари од пет години, како и можноста за нивна наплата, пишува во извештајот. Во однос на јавните набавки, ревизорот пишува: дека по спроведените детални тестирања на постапките за јавни набавки утврдиле дека нема докази дека направната јавна набавка воопшто била потребна на претрпијатието, нема основни информации за тенедрската докумнетација ниту докази дека биле земени во предвид пазарните услови.

Мирјана Давидовска

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button