ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
171 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење
171 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење

Во рамките на акциските контроли во областа на сообраќајот, полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 171 мерка, меѓу кои 42 се за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола и 14 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се и осум санкции за возење под дејство на алкохол, како и седум мерки за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.