ЗАБАВА
Австријци со трактори на кампување во Црна Гора


Алсат
30.06.2020 15:42
На граничниот премин „Дебели Бријег“ во Црна Гора, каде има скоро десет пати помалку патници од лани, допатуваа неколку туристи од Австрија. Но, она што го привлече вниманието на јавноста е тоа што тие ја минаа границата со трактори, на кои беа закачени камп-приколки. Австриските граѓани немаат потреба да приложат негативен тест за коронавирус или да одат карантин, бидејќи Австрија е на таканаречениот зелен список на земји од кои е дозволен влез во Црна Гора, која годинава очекува 90% помалку туристи од минатото лето.