ВЕСТИСВЕТ

Новата џиновската ракета на НАСА подготвена за лансирање

Огромната месечева ракета на НАСА, „Систем за вселенско лансирање“ (Space Launch System) го почна своето бавно, повеќечасовно патување до лансирната рампа денеска додека се подготвува нејзиното прво пробно испраќање на Месечината за нешто помалку од две седмици.

Advertisements

Ракетата висока 98 метри треба да отпатува на својата прва вселенска мисија на Месечината без екипаж на 29 август, во рамки на програмата „Артемис“ на НАСА. Тоа е проект на Соединетите Американски Држави вреден повеќе милијарди долари, со цел враќање на луѓето на површината на Месечината, како подготовка за идните мисии на Марс.

„Системот“, чијшто развој беше предводен од „Боинг“ изминатово десетлетие, излезе од својот погон за изградба во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида. На врвот на ракетата се наоѓа капсулата „Орион“, дизајнирана да носи и луѓе на Месечината.

За мисијата на 29 август, наречена „Артемис 1“, капсулата само ќе ја заобиколи Месечината пред да се врати на Земјата и слета во океанот 42 дена подоцна.

Ако можно лошо време или технички проблеми предизвикаат одложување на лансирањето на 29 август, НАСА има и првични резервни датуми за полетување – 2 и 5 септември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button