ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По локалните избори во Тетово, опозицијата притиска за предвремени парламентарни избори

По локалните избори во Тетово, опозицијата притиска за предвремени парламентарни избори

Резултатот од вчерашните избори во Тетово им даде дополнително гориво на опозициските партии да бараат предвремени парламентарни избори. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека резултатот докажал дека на државно ниво ВМРО би имал 400 илјади гласови и на парламентарни избори и би добиле 55 пратеници, додека СДСМ заедно со целата нивна коалицијата би добиле само 27 пратеници или околу 200 илјади гласови.

Advertisements

Првиот човек на БЕСА, Биљал Касами веднаш по прогласувањето на победата синоќа изјави дека со изборите во Тетово е делегитимирана власта на ДУИ.

„За краток период двапати ја победивме ДУИ. Легитимитетот на Албанците од Северна Македонија веќе не е кај ДУИ, затоа уште еднаш од тетовскиот плоштад бараме предвремени избори каде волјата на Албанците од Струга до Куманово ќе си дојде на место и конечно Албанците ќе имаат достоен претставник во централната власт како што веќе имаат во Тетово. Бараме предвремени избори што е можно поскоро“, рече Биљал Касами, претседател на Движењето Беса.

Но, власта не признава дека претрпела пораз. Според СДСМ, вчерашните избори биле пораз за ВМРО-ДПМНЕ во Маврово-Ростуше и во Центар Жупа.

Барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори се интензивираа по минатогодишните локални избори, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во многу општини кои претходно му припаѓаа на СДСМ./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button