БЕСА го победи ДУИ и си ја засили власта во Тетово
БЕСА го победи ДУИ и си ја засили власта во Тетово

Песни и ора, зурли и тапани и овации за лидерот на БЕСА, Биљал Касами. Вака синоќа беше прославена победата на изборите за општински советници во Тетово. БЕСА ја победи ДУИ со разлика од околу 1.000 гласа, односно со еден мандат плус во општинскиот Совет.
“Со душа го чекавме ова и крајно сме задоволни. Диктатурата падна”, рече еден граѓанин.
“Да, го очекувавме и бевме многу сигурни. Народот сака промени и затоа ја чекавме ова победа. И славиме”, додаде друг граѓанин.
“Како и да е го чекавме. Биљал Касами е работник. И сега од радост дојдовме да прославиме”, истакна еден граѓанин.
“Логично, оваа победа беше очекувана, луѓето успеаја да повлечат паралели од црно и бело”, рече друг граѓанин.
Касами вети дека ќе продолжи со работа за подобро Тетово и за неговите жители.
“Дозволете ми вечерва уште еднаш од плоштадот Илирија да им се заблагодарам на сите граѓани на Тетово без разлика на политичка, етничка и верска припадност. Денеска сите гласаа да продолжи промената во Тетово, развојот на Тетово, да биде град како што тие сакаат. Тетово да биде град каде младите ќе останат и тука ќе ја најдат својата иднина и перспектива. Тетовци се победници на овие избори и тетовци ја заслужуваат мојата бескрајна посветеност. До крајот на мандатот, на Тетово му ветувам и се заложувам дека Биљал Касами, ќе го направи најдоброто за развиено Тетово и Тетово какво што сите го сакаме“, изјави Биљал Касами, претседател на Движењето БЕСА.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го прифати поразот.
“За нас се важни процесите, поважно е да продолжиме да инвестираме во демократските стандарди, во владеењето на правото и во правната држава“, рече Али Ахмети, лидер на ДУИ.
Според првичните резултати на ДИК, БЕСА во новиот општински совет ќе има 12 мандати, ДУИ 11, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 2 и по еден советник ДПА и Алтернатива. Претходно БЕСА имаше 8 советници, а ДУИ 10. Алијанса за Албанците и иницијативата „Подобро за Тетово“ овој пат останаа без ниту еден претставник./Alsat.mk
Башким Сулејмани