ВЕСТИРЕГИОН

Гром усмрти учесник во планинска трка во Грција, уште еден тешко повреден

Гром удри на ноќна планинска велосипедска трка во северна Грција, убивајќи еден тркач, а тешко повреден друг, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Advertisements

Како што се наведува во текстот, двајцата мажи биле дел од 55-тте учесници во ноќната трката Six Peaks, која ги минува шесте највисоки врвови на планината Фалакро, .

Натпреварувачите требало да поминат 37 километри во рок од 12 часа. На стартот времето било добро, но околу 04:00 часот почнало големо невреме проследено со силен дожд и многу молњи. Трагедијата се случила кога двајцата натпреварувачи се наоѓале на надморска височина до околу 1.350 метри.

Во нивната евакуација учествувале 14 пожарникари со пет камиони. Едниот од повредените (55), бил во безсознание, а другиот (56) бил тешко повреден. Двајцата со хеликоптер биле пренесени во Хрисуполи, а оттаму во болницата во Кавала, каде што е констатирана смрт на 55-годишникот.

Идентитетот на двајцата не е соопштен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button