ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бизнис секторот не може да го издржи поскапувањето на струјата

Најголемиот проблем во моментов на македонската економија е цената на струјата. Доколку Владата не му помогне на стопанството многу фирми ќе згаснат оваа зима, а со тоа и голем број на работници ќе останат на улица. كيف تفوز في روليت Ваквите алармантни состојби ги потенцираа од Стопанската комора, од каде и порачаа на владата дека потребно им е обезбедување на поевтина електрична енергија за спас на економијата.

Advertisements

„Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. لعبة جاك Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?“, рече Зоран Јовановски, Стопанска комора.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека лани згаснале без малку седум илјади фирми, а до овој период од годинава се затворени 5 324 бизниси. مراهنات كرة القدم اليوم Јовановски потенцираше и дека цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, и на тој начин компаниите од Македонија ја губат конкурентноста. Актуелните мерки и препораки кои владата ги објави за штедење на електричната енергија, од Комората велат дека се недоволни, и на властите им порачуваат дека на бизнисмените никој не треба да им предложи да штедат енергија во енергетска криза.

Од Стопанската комора пред повеќе од месец дека испратија конкретни барања до Илинденска број 2 за како што наведоа делумно надминување на кризата со струја, но засега конкретен одговор не добиле. Барањата на Стопанската комора се состојат од елиминирање на бирократијата при поставување на фотоволтаици, целата струја добиена од обновливи извори да се насочи кон индустријата, да се зголеми домашното производство на електрична енергија и навремено да се набави мазут и јаглен.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button