Данела Арсовска малку ќе го подзатемни Скопје

Ова е ветувањето на градоначалничката на Скопје, која вели дека главниот град ќе преземе и други мерки за да штеди струја. Ќе им се препорача на институциите и претпријатијата кои се во надлежност на градот да го сторат истото. Меѓу мерките што ќе се преземат е и намалувањето на осветлувањето до 70% и промената на обичните, со ЛЕД светилки. На институциите, исто така, ќе им се препорача да го ограничат осветлувањето на зградите, како и рекламните светла. За тоа што ќе прават општините кои се во рамките на Скопје со јавното осветлување, Арсовска вели дека тоа е нивна автономна одлука. Сепак и покрај енергетската и економската криза, Арсовска вели дека реализацијата на значајните проекти нема да запре.
Арсовска вети дека ќе продолжи поставувањето на соларни панели на објектите кои се во надлежност на Градот, а нивната целосна инсталација ќе заврши за две години.
Фатлуме Дервиши