ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ДЗР: Агенцијата за администрација нема доволно човечки ресурси

Во извештај на Државниот завод за ревизија се наведува дека Агенцијата за администрација нема доволно човечки ресурси за извршување на работите во ИТ секторот при вработувањата во администрацијата. Таквата ситуација доведува до преоптовареност на актуелните вработени и го доведува во прашање навременото и ефикасно завршување на обврските. Ревизијата констатирала и дека нема секундарна локација за информатичката опрема и софтвер во случај на технички проблеми на примарниот систем. Тоа би можело да доведе до прекини во процесот за вработување во администрацијата.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button