Од јануари, ново поскапување на цената на струјата

Од Нова година цената на струјата повторно ќе расте. Од ЕСМ велат дека одлуката мора да биде таква со оглед на состојбите со енергетиката во светот. الربح الحقيقي Но, надлежните уверуваат дека ќе сторат се, растот на трошоците за електрична енергија на домаќинствата да биде симболичен.
„Пред нас престои една од најтешките зими во последните неколку децении. Мораме да бидеме максимално подготвени, ЕСМ ги има ставено во функција сите расположливи капацитети и нема да се увезува електрична енергија, струја ќе има а рестрикциите не се опција“, велат од ЕСМ.
Дека следната грејна сезона ќе биде сериозно скапа потврда даваат и податоците на светските берзи каде денеска еден мегават час електрична енергија се продаваше за рекордни 635 евра, додека вчера сумата беше пониска за дваесетина евра. Во последниов месец цената на струјата се движи од 320 до над 600 евра за мегават час, во најголем дел од случаите цената беше 500 евра. Граѓаните се обидуваат да штедат електрична енергија, но велат дека не е едноставно.
„Како јас штедам електрична енергија, готвам за два дена, бојлер вклучувам и сите се бањаме, мислам не заедно поединечно нели. Клима не вклучувам кога не е многу топло…“
„Секој се обидува да штеди, меѓутоа јас живеам во куќа, така што тешко на нас. Јас се греам со струја, греам две соби зимно време и плаќам од 12 до 15 илјади денари, а оваа зима што следи, очекувам една соба да греам, а истите пари да ги плаќам“, реагираат граѓаните.
Последното зголемување на сметките за струја за домаќинствата на крајот на јуни изнесуваше 7,4 отсто. bet 365
Иако сметките за струја на граѓаните се зголемени во однос на претходниот месец, податоците кои што ги добивме од ЕВН Хоум велат дека граѓаните значително не штедат електрична енергија.
Утре на владина седница треба да биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба во енергетиката. На тој начин енергетските компании ќе може да добиваат пари од државниот буџет за набавка и производство на струја. بوكر اون لاين حقيقي
Иле Петревски