МАКЕДОНИЈА

Стафа тврди дека самиот си поднел оставка од функцијата

Владата го разреши државниот правобранител Фехми Стафа од функцијата поради непрофесионално работење. На седницата на Владата немаше оправдување за одлуката, но законските одредби во Законот за државно правобранителство ги дефинираат околностите под кои Владата може да го разреши шефот на државната правна одбрана и застапување.

Advertisements

„Владата може да го разреши државниот правобранител поради несовесно и непрофесионално работење“, стои во Законот за државно правобранителство.

Иако Стафа тврди дека поднел неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител, во одлуката на Владата се вели поинаку.

Владини одлуки од 72. седница:

„На предлог на Комисијата за кадровски прашања Владата го разреши Фехми Стафа од функцијата државен правобранител и донесе одлука за објавување на нов конкурс за државен правобранител“.

Неофицијално се дознава дека меѓу причините за смената е и постапувањето на Стафа во случајот со имотот на Сеад Кочан и неконфискацијата на имотот врз основа на судската одлука, како и сомнителните хонорари на Бесмира Ејупи. Антикорупциската ги испитуваше анкетните листови на поранешниот државен правобранител. Извори на Алсат информираат дека Финансиската полиција може да отвори некои случаи за да го прочешла неговото богатство, но таквите информации се уште остануваат во сферата на нефицијалното. Стафа на позицијата државен правобранител дојде во август 2018 година.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button