ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Многу тешко до двотретинско мнозинство за уставните измени во овој Парламент

Претседателот Стево Пендаровски, не е задоволен од досегашниот процес на евроинтеграција на земјата, со оглед на тоа што по 17 години чекање со статус на кандидат, конечно почнуваат преговорите за зачленување.

Advertisements

-Ние бевме практично заборавени од страна на Европската Унија и со серија уцени во меѓувреме, еве некако успеавме да направиме некаков компромис со Република Бугарија, со помош на француското претседателство и да почнеме со преговори. Меѓутоа, ако гледате наназад, еве од 2005 година сме со статус на кандидат, допрва сега да почнувате преговори, не може никој да каже дека сме со голем успех на тој план, рече Пендаровски во интервју за Агенцијата Анадолија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Турција.

Прашан во контекст на уставните измени кои произлегуваат од билатералниот Протокол потпишан со Бугарија, тoj e скептичен дека сегашнава опозиција во Парламентот има расположение да гласа за уставните измени. Пендаровски смета дека во досега потпишаните документи нема никаква опасност кон македонскиот идентитет и јазик, а дека ставот на опозицијата е наметнат од внатрешнопартиска логика.

– Вие не можете со сила никого да натерате (да гласа), ако од сегашната опозиција мислат дека документиве се опасност за македонскиот народ. سباق الخيل Јас не мислам така. موقع مراهنات 365 Моја проценка е дека многу тешко ќе се дојде во овој парламентарен состав до 2/3, затоа што, колку што јас можам да проценам, опозицијата во македонскиот Парламент го чита договорот со Бугарија, односно преговарачката рамка со Европската Унија, низ партиска диоптрија, рече Пендаровски.

Говорејќи за политичката поларизација во земјава, тој вели дека не може да се постигне консензус ни за стратешките прашања како што се евроинтеграциите. الروليت اون لاين

-Двата главни политички блока се толку далеку и поларизацијата е толку голема што и јас навистина не верувам дека тука има минимум волја, пред сѐ поради однесувањето на опозицијата, да се договориме за некои две-три стратешки работи, вели Пендаровски според кого не би помогнала ни можна лидерска средба иницирана од неговиот Кабинет.

Претседателот Пендаровски, за односите со Турција вели дека се на исклучително високо ниво и дека земјата, уште од почетокот на 90-тите години, кога ја прогласи својата независност, па сѐ до денес, секогаш добивала максимална поддршка од Анкара, која ѝ помага на патот кон нејзиното членство во меѓународните организации, но и во економската област со бројни инвестиции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button