СВЕТ

Британија: Нејасно како Русија може да ги зголеми воените сили во Украина

Британија: Нејасно како Русија може да ги зголеми воените сили во Украина

Не е јасно како Русија ќе може да ги зголеми своите вооружени сили, но дури и засилените сили веројатно нема да ја зголемат својата борбена моќ во Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

Advertisements

До ова соопштение доаѓа по декретот на рускиот претседател Владимир Путин со кој издаде наредва за зголемување на бројот на руските вооружени сили на 2,04 милиони од 1,9 милиони припадници на воен персонал.

Во меѓувреме војната во Украина влегува во седмиот месец.

Британската анализа на воена состојба на Русија укажува дека ваквата наредба веројатно нема да има големо влијание врз војната во Украина со оглед на тоа што „Русија загуби десетици илјади војници“. Во неа е посочено дека засега е нејасно како ќе се постигне зголемувањето на бројот на руски војници, дали со регрутирање или пак со доброволци.

„Многу малку нови војници со договор се регрутираат; и регрутите технички не се обврзани да служат надвор од руската територија,“ се вели во соопштението на британското министерство за одбрана./slobodnaevropa/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button