Свечла: Работни групи бараат начин за побрзо движење на граѓаните
Свечла: Работни групи бараат начин за побрзо движење на граѓаните

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, ги чека првите нацрт-договори со Северна Македонија, кои треба да обезбедат олеснување на бирократските административни процедури за движење на граѓаните. Тој за Алсат рече дека заедничките работни групи меѓу двете земји се во комуникација и ги детектираат пречките и тешкотиите како и можностите за нивно надминување.
„Многу брзо очекувам оваа работна група да излезе со потребните алтернативи и тогаш ќе ги имаме вистинските процеси, потребните договори, за да можат граѓаните на двете земји да се движат од една во друга земја без одложувања и без бирократски пречки кои навистина не се неопходни. Имаме многу добра практика со Република Албанија и сакаме оваа практика да ја пренесеме и на премините со Република Македонија“, рече Џелал Свечла- министер за внатрешни работи на Косово.
И од МВР во Скопје потврдуваат дека ги финализираат преговорите за договор со Косово за заеднички контролни пунктови на граничните премини. Земјата има сличен договор со Република Албанија за граничниот премин Ќафасан, кој требаше да почне да се применува на крајот на 2021 година, но тоа се уште не се случи. Косово и Албанија, пак, го спроведуваат заедничкиот договор кој стапи во сила во јуни годинава, а кој предвидува целосно отворање на границите меѓу двете земји за слободно движење на нивните граѓани, без контроли, за време на викендите и националните празници./Alsat.mk
Фатлуме Дервиши