Мицкоски: Ако власта не краде, нема да се се поскапе струјата
Мицкоски: Ако власта не краде, нема да се се поскапе струјата

Енергетската криза во земјава не е резултат само на проблемите кои се на глобално ниво, туки добар дел од вината треба да се препише и на актуелната власт и раководните лица на државните енергетски компании, повторно обвинува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Лидерот на опозицијата апелира до надлежните да се фатат за работа, да овозможат на бизнисот и стопанството да работат, а не само како што вели да го крадат народот.
„Ме шокира најавата на надлежните дека од први јануари дополнително сметките за електрична енергија ќе бидат зголемени. Тоа може да се реши на еден начин. Да престанат да крадат, да почнат да работат и да произведуваат струја со која стопанството ќе биде конкурентно а струја која ќе биде евтина за граѓаните“, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ЕСМ ги отфрлаат обвинуварата на Мицкоски и го потсетуваат дека токму тој има направено огромна финансиска штеда додека раководел со државните електрани.
„Кога веќе Христијан Мицкоски сака да говори на темата купување и продавање електрична енергија, повторно да потсетиме дека Мицкоски е тој кој во негов мандат во АД ЕСМ купуваше електрична енергија по 250e/MWh во време кога струјата се продаваше по 70е/MWh“, велат од ЕСМ.
Од први следниот месец на сила стапува кризната состојба во енергетиката, но и мерките за штедење на електричната енергија. Надлежните уверуваат дека рестикции зимава нема да има./Alsat.mk
Иле Петревски